48 Кој, пак, не знаел и направил нешто што заслужува тепање, ќе биде малку тепан. Кому му е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е доверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.
49 Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел.
50 Со крштевање треба да се крстам и колку Ми е мачно додека не се сврши тоа.
51 Мислите ли дека сум дошол да дадам мир на земјата? Не, ви велам, туку разделеност;
52 Зашто отсега, пет члена во една иста куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца;
53 Ќе се разделат татко против син и син против татко; мајка против ќерка и ќерка против мајка; свекрва против снаата своја и снаа против свекрвата своја.“
54 А на народот му рече: „Кога гледате дека се крева облак од запад, тогаш велите: ‚Ќе врне дожд!‘ И тоа се случува.