54 А на народот му рече: „Кога гледате дека се крева облак од запад, тогаш велите: ‚Ќе врне дожд!‘ И тоа се случува.
55 А кога дува јужниот ветар, велите: ‚Ќе биде горештина!‘ Па така и бива.
56 Лицемери, знаете како да го распознавате лицето на небото и земјата, зошто ова време не умеете да го распознавате?
57 Зошто тогаш сами од себе не судите што е праведно?
58 Кога одиш со противникот пред власта, потруди се уште по патот да се измириш со него, за да не те предаде на судијата, а судијата на извршителот и тој да те фрли в затвор.
59 Ти велам, оттаму нема да излезеш, сѐ додека не ја дадеш и последната пара.“