7 А вам, и влакната на главата ви се изброени. Па затоа, не плашете се: од многу врапчиња вие сте поскапи.
8 Ви велам: секој што Ме признава Мене пред луѓето, и Синот Човечки ќе го признае пред Божјите ангели;
9 А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, тој ќе биде одречен пред Божјите ангели.
10 На секој што ќе каже збор против Синот Човечки, ќе му биде простено; но на оној, кој ќе похули на Светиот Дух, нема да му се прости.
11 А кога ќе ве одведат во синагогите и пред началствата и властите, не грижете се како ќе одговорите, или што ќе кажете;
12 зашто Светиот Дух ќе ве научи во истиот час што треба да кажете.“
13 Некој од народот Му рече: „Учителе, кажи му на мојот брат да го подели со мене наследството!“