1 Еднаш во сабота влезе кај еден од фарисејските старешини да јаде леб; и тие Го надгледуваа.
2 И ете, застана пред Него човек, кој имаше водена болест.
3 Исус ги запраша закониците и фарисеите, велејќи: „Дозволено ли е да се лекува во сабота?“
4 А тие молчеа. И откако го допре, го излекува и го отпушти.
5 И им одговори и рече: „Кој од вас ако му падне в бунар магаре или вол, нема да го извади веднаш, иако е саботен ден?“
6 И не можеа да Му одговорат на тоа.
7 А кога забележа како поканетите ги одбираат почесните места, им кажа парабола и рече: