14 и ќе бидеш блажен, зашто тие немаат со што да ти возвратат, и затоа ќе ти биде возвратено при воскресението на праведните.“
15 А кога го слушна тоа еден од оние што седеа со Него на трпезата, Му рече: „Блажен е оној кој ќе јаде леб во царството Божјо!“
16 А Тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина;
17 и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на поканетите: ‚Дојдете, зашто веќе сѐ е подготвено!‘
18 И почнаа сите по ред да откажуваат; првиот му рече: ‚Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!‘
19 Вториот рече: ‚Купив пет ѕевгари волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!‘
20 Третиот рече: ‚Се оженив и затоа не можам да дојдам.‘