16 А Тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина;
17 и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на поканетите: ‚Дојдете, зашто веќе сѐ е подготвено!‘
18 И почнаа сите по ред да откажуваат; првиот му рече: ‚Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!‘
19 Вториот рече: ‚Купив пет ѕевгари волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!‘
20 Третиот рече: ‚Се оженив и затоа не можам да дојдам.‘
21 Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: ‚Оди бргу по плоштадите и улиците градски и донеси ги тука сиромашните, сакатите, куците и слепите!‘
22 И рече слугата: ‚Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.‘