26 „Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик.
27 И, кој не го носи својот крст, и не оди по Мене, не може да биде Мој ученик.
28 Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да направи сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за да ја доврши?
29 Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат,
30 и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘
31 Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, нема да седне најнапред да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади?
32 Ако не може, додека е другиот уште далеку, ќе прати пратеници и ќе моли за мир.