28 Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да направи сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за да ја доврши?
29 Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат,
30 и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘
31 Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, нема да седне најнапред да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади?
32 Ако не може, додека е другиот уште далеку, ќе прати пратеници и ќе моли за мир.
33 Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сѐ што има, не може да биде Мој ученик.“
34 „Солта е добро нешто, но ако солта облутави, со што ќе се соли?