31 Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, нема да седне најнапред да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади?
32 Ако не може, додека е другиот уште далеку, ќе прати пратеници и ќе моли за мир.
33 Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сѐ што има, не може да биде Мој ученик.“
34 „Солта е добро нешто, но ако солта облутави, со што ќе се соли?
35 Ниту на земјата, ниту на ѓубрето нема да му е погодна; па затоа ја фрлаат надвор. Кој има уши да слуша, нека чуе!“