5 И им одговори и рече: „Кој од вас ако му падне в бунар магаре или вол, нема да го извади веднаш, иако е саботен ден?“
6 И не можеа да Му одговорат на тоа.
7 А кога забележа како поканетите ги одбираат почесните места, им кажа парабола и рече:
8 „Кога ќе те покани некој на свадба, не седнувај на почесно место, зашто, ако случајно е поканет некој со поголема чест од тебе,
9 Па да не дојде оној што ве поканил и тебе и него, па да рече: ‚Отстапи го местото на овој!‘ и тогаш, засрамен ќе седнеш на последното место.
10 Но, кога ќе бидеш поканет, оди и седни на последното место, та оној што те поканил, штом дојде, да ти каже: ‚Пријателе, премести се погоре!‘ Тогаш ќе имаш чест пред оние што седат со тебе на трпезата.
11 Зашто, секој што се возвишува, ќе биде понизен; а тој што се понизува, ќе биде возвишен.“