Лука 14:9-15 MK2006D

9 Па да не дојде оној што ве поканил и тебе и него, па да рече: ‚Отстапи го местото на овој!‘ и тогаш, засрамен ќе седнеш на последното место.

10 Но, кога ќе бидеш поканет, оди и седни на последното место, та оној што те поканил, штом дојде, да ти каже: ‚Пријателе, премести се погоре!‘ Тогаш ќе имаш чест пред оние што седат со тебе на трпезата.

11 Зашто, секој што се возвишува, ќе биде понизен; а тој што се понизува, ќе биде возвишен.“

12 А и на оној што го беше поканил, му рече: „Кога даваш ручек или вечера, не кани ги пријателите свои, ниту браќата свои, ниту роднините свои, ниту богатите соседи, за да не те поканат и тие некогаш и да ти биде возвратено.

13 Но, кога даваш гозба, повикај ги сиромасите, сакатите, куците, слепите,

14 и ќе бидеш блажен, зашто тие немаат со што да ти возвратат, и затоа ќе ти биде возвратено при воскресението на праведните.“

15 А кога го слушна тоа еден од оние што седеа со Него на трпезата, Му рече: „Блажен е оној кој ќе јаде леб во царството Божјо!“