1 Се приближуваа кон Него сите цариници и грешници за да Го слушаат.
2 А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“
3 Но Тој им ја кажа оваа парабола и рече:
4 „Кој од вас, ако има сто овци, и ако загуби само една од нив, нема да ги остави деведесет и деветте во пустината и нема да оди да ја бара загубената, сѐ додека не ја најде?
5 А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;
6 и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов мојата загубена овца!‘