13 По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно.
14 И откако потроши сѐ, настана голем глад во таа земја и тој се најде во мака;
15 па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи.
16 И страден беше да го наполни својот стомак макар и со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
17 А кога дојде на себеси, рече: ‚Колку наемници кај татко ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, тука умирам од глад.
18 Ќе станам и ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: „Татко, згрешив против небото и пред тебе,
19 и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници.“‘