19 и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници.“‘
20 Па стана и отиде кај татка си. И кога беше уште далеку, го виде неговиот татко и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива.
21 И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘
22 А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава облека и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете;
23 па доведете едно згоено теле и заколете го; да јадеме и да се веселиме,
24 зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И почнаа да се веселат.
25 А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, слушна песни и игри.