22 А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава облека и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете;
23 па доведете едно згоено теле и заколете го; да јадеме и да се веселиме,
24 зашто овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде.‘ И почнаа да се веселат.
25 А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, слушна песни и игри.
26 И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘
27 А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘
28 Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше.