26 И тогаш повика еден од слугите и го праша: ‚Што е ова?‘
27 А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла згоено теле, затоа што повторно здрав го доби.‘
28 Тој се налути и не сакаше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше.
29 А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, ти служам толку години и никогаш не ја прекршив твојата заповед; и мене не си ми дал ниту едно јаре за да се провеселам со моите пријатели;
30 а кога дојде овој твој син, што го упропасти својот имот со блудници, за него ти закла згоено теле.‘
31 А тој му рече: ‚Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое;
32 но требаше да се зарадуваме и развеселиме, зашто овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде.‘“