3 Но Тој им ја кажа оваа парабола и рече:
4 „Кој од вас, ако има сто овци, и ако загуби само една од нив, нема да ги остави деведесет и деветте во пустината и нема да оди да ја бара загубената, сѐ додека не ја најде?
5 А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;
6 и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов мојата загубена овца!‘
7 Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од покајание.
8 Или која жена, ако има десет драхми, и ако загуби една, нема да запали светило и да ја измете куќата, и да бара внимателно, сѐ додека не ја најде?
9 А штом ќе ја најде, ќе повика пријатели и сосетки, велејќи: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!‘