9 А штом ќе ја најде, ќе повика пријатели и сосетки, велејќи: ‚Радувајте се со мене, зашто ја најдов загубената драхма!‘
10 Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што се кае.“
11 И рече: „Еден човек имаше два сина.
12 Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми припаѓа од имотот!‘ И таткото им го раздели имотот.
13 По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно.
14 И откако потроши сѐ, настана голем глад во таа земја и тој се најде во мака;
15 па отиде кај еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своите полја да пасе свињи.