10 Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот во малку и во многу е несправедлив.
11 Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското?
12 И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето?
13 Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамон.“
14 Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа.
15 И им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, пред Бога е одвратност.
16 Законот и Пророците беа до Јован; а оттогаш се проповеда Евангелието за царството Божјо и секој со усилба влегува во него.