15 И им рече: „Вие се правите праведни пред луѓето, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што меѓу луѓето се цени, пред Бога е одвратност.
16 Законот и Пророците беа до Јован; а оттогаш се проповеда Евангелието за царството Божјо и секој со усилба влегува во него.
17 Но полесно е небото и земјата да поминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
18 Секој, што ја отпушта жената своја и се жени со друга, извршува прељуба, и секој што се жени со онаа што ја отпуштил мажот, прави прељуба.“
19 „Си беше еден богат човек кој се облекуваше во порфир и во свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше.
20 А еден сиромав, по име Лазар, лежеше пред вратата негова сиот покриен со красти,
21 кој сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови.