20 А еден сиромав, по име Лазар, лежеше пред вратата негова сиот покриен со красти,
21 кој сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови.
22 Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во пазувите Авраамови; умре и богатиот и го погребаа.
23 И во пеколот, додека беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраам и Лазар во неговите пазуви.
24 Тогаш тој извика и рече: ‚Оче Аврааме, смилувај ми се и прати го Лазар да го накваси врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, зашто многу страдам во овој пламен!‘
25 Но Авраам рече: ‚Синко, сети се дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти се мачиш.
26 Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму не преминуваат кај нас.‘