26 Освен тоа, меѓу вас и нас има голема провалија така што оние кои би сакале да дојдат кај вас, не можат; а исто така и оние оттаму не преминуваат кај нас.‘
27 А тој пак рече: ‚Тогаш, те молам, оче, прати го во татковата ми куќа,
28 зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!‘
29 Авраам му рече: ‚Тие ги имаат Мојсеј и Пророците; нив нека ги слушаат!‘
30 А тој рече: ‚Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите оди кај нив, тогаш ќе се покаат.‘
31 Авраам му рече: ‚Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да се уверат.‘“