6 Тој одговори: ‚Сто мери масло.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата, седни бргу и напиши педесет!‘
7 Потоа му рече на другиот: ‚А ти, колку должиш?‘ Тој одговори: ‚Сто мери пченица.‘ И му рече: ‚Земи си ја потврдата и напиши осумдесет!‘
8 И го пофали господарот несправедливиот настојник, зашто постапил досетливо; зашто синовите на овој свет кон својот род се подосетливи од синовите на светлината.
9 И јас ви велам: создадете си пријатели преку неправедно богатство, па, кога ќе осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта.
10 Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот во малку и во многу е несправедлив.
11 Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското?
12 И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето?