1 И им рече Исус на учениците Свои: „Доаѓањето на соблазните е неизбежно, но тешко на оној преку кого доаѓаат;
2 за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие помали.
3 Внимавајте на себе. Ако згреши против тебе братот твој, укори го, и ако се покае – прости му.
4 И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ‚Се каам‘ – прости му.“