15 А еден од нив, кога виде дека е излекуван, се врати и Го прослави Бога гласно;
16 и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин.
17 Исус, пак, одговори и рече: „Зар не се очистија десетмина? Каде се другите девет?
18 Зарем не се најдоа да се вратат и другите и да Му воздадат слава на Бога, туку само овој туѓинец?“
19 И му рече: „Стани, оди си! Твојата вера те спаси!“
20 Запрашан од фарисеите кога ќе дојде царството Божјо, Тој им одговори: „Царството Божјо не доаѓа забележливо,
21 ниту, пак, ќе се каже: ‚Еве, овде е‘ или: ‚Еве, онде е‘. Зашто царството Божјо е во вас внатре.“