21 ниту, пак, ќе се каже: ‚Еве, овде е‘ или: ‚Еве, онде е‘. Зашто царството Божјо е во вас внатре.“
22 И им рече на учениците: „Ќе дојдат дни, кога ќе копнеете да видите еден од деновите на Синот Човечки, и нема да видите:
23 и ќе ви речат: ‚Еве Го, овде е‘ или: ‚Еве, онде е‘. – Но, не одете и не барајте!
24 Зашто, како што молњата, кога ќе светне на небото осветлува сѐ што е под небото, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден.
25 Но, најнапред Тој треба многу да пострада и да биде отфрлен од овој род.
26 Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки:
27 јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сѐ до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите.