24 Зашто, како што молњата, кога ќе светне на небото осветлува сѐ што е под небото, така ќе биде и Синот Човечки во Својот ден.
25 Но, најнапред Тој треба многу да пострада и да биде отфрлен од овој род.
26 Како што беше во Ноевите дни, така ќе биде и во деновите на Синот Човечки:
27 јадеа, пиеја, се женеа, се мажеа, сѐ до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, и дојде потопот, па ги погуби сите.
28 Исто така, како што беше во Лотовите дни: јадеа, пиеја, купуваа, продаваа, садеа, ѕидаа;
29 но во денот, кога излезе Лот од Содом, падна од небото оган и сулфур и ги погуби сите;
30 така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки.