30 така ќе биде и во денот кога ќе се јави Синот Човечки.
31 Во тој ден, кој е на покрив, а покуќнината му е в куќи, нека не слегува да ја земе; а така и оној кој е в поле, да не се враќа назад.
32 Сетете се на Лотовата жена.
33 Кој сака да го спаси својот живот, ќе го загуби; а кој ќе го загуби, ќе го запази.
34 Ви велам: во таа ноќ ќе бидат двајца на една постела: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават;
35 две жени ќе мелат заедно: едната ќе ја земат, а другата ќе ја остават.“
36 „Двајца ќе бидат на нива: едниот ќе го земат, а другиот ќе го остават.“