7 Кој од вас, кога ќе се врати од поле неговиот слуга, кој орал или чувал овци, веднаш ќе му рече: ‚Дојди бргу и седни на трпеза!‘
8 Нема ли да му каже: ‚Приготви ми да вечерам, препаши се и служи ме додека јадам и пијам, а потоа ти јади и пиј!‘
9 Зар ќе му благодари на тој слуга што ја исполнил неговата заповед? Мислам, не.
10 Па така и вие, откако ќе исполните сѐ што ви е заповедано, речете: ‚Ние сме слуги бесполезни, зашто го извршивме она што бевме должни да го извршиме.‘“
11 А кога одеше за Ерусалим, Тој поминуваше меѓу Самарија и Галилеја.
12 Кога влегуваше во едно село, Го сретнаа десет лепрозни луѓе и застанаа подалеку,
13 па со силен глас повикаа: „Исусе Учителе, смилувај ни се!“