11 И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го посрамија, па го испратија празен.
12 Испрати и трет, а тие и него го ранија и го избркаа.
13 Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам својот возљубен син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘
14 Но лозарите, штом го видоа, си размислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и нам да ни остане наследството!‘
15 И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето?
16 Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“
17 Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник‘.