14 Но лозарите, штом го видоа, си размислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и нам да ни остане наследството!‘
15 И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето?
16 Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“
17 Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник‘.
18 Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“
19 И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа парабола.
20 И дебнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на началството и на власта управникова.