2 и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“
3 А Тој им одговори и рече: „Ќе ве прашам и јас еден збор, и кажете ми:
4 Дали крштевањето Јованово беше од небото, или од луѓето?“
5 А тие почнаа да размислуваат и да си зборуваат меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече – Зошто не му поверувавте?
6 Ако, пак, речеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ каменува, бидејќи е уверен дека Јован беше пророк.“
7 Затоа одговорија: „Не знаеме од каде е.“
8 Исус им рече: „Ниту Јас нема да ви кажам со каква власт го вршам тоа.“