20 И дебнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на началството и на власта управникова.
21 И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји;
22 Позволено ли ни е да му даваме данок на царот или не?“
23 А Тој го разбра нивното лукавство и им рече: „Зошто Ме искушувате?
24 Покажете ми еден денариј: Чија слика и натпис стои таму?“ Тие одговорија: „На царот.“
25 Па им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“
26 И не можеа да фатат нешто во Неговите зборови пред народот, туку само се зачудија на одговорот Негов и замолкнаа.