23 А Тој го разбра нивното лукавство и им рече: „Зошто Ме искушувате?
24 Покажете ми еден денариј: Чија слика и натпис стои таму?“ Тие одговорија: „На царот.“
25 Па им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“
26 И не можеа да фатат нешто во Неговите зборови пред народот, туку само се зачудија на одговорот Негов и замолкнаа.
27 Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа,
28 велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако некому умре брат, кој имал жена и умрел бездетен, брат му да ја земе жената и да го подигне потомството на својот брат.
29 Си беа седум браќа. Првиот ја зеде жената и умре без деца.