28 велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако некому умре брат, кој имал жена и умрел бездетен, брат му да ја земе жената и да го подигне потомството на својот брат.
29 Си беа седум браќа. Првиот ја зеде жената и умре без деца.
30 Жената ја зеде вториот, но и тој умре без деца.
31 Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина не оставија деца и умреа.
32 По сите нив, умре и жената.
33 При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи седуммина ја имаа за жена?“
34 Им одговори Исус и рече: „Синовите од овој свет се женат и мажат;