32 По сите нив, умре и жената.
33 При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи седуммина ја имаа за жена?“
34 Им одговори Исус и рече: „Синовите од овој свет се женат и мажат;
35 но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат;
36 всушност, тие веќе не можат да умрат, затоа што се како ангели, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.
37 А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го покажа и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ – Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.
38 А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи.“