38 А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи.“
39 А некои од книжниците одговорија и рекоа: „Учителе, добро рече!“
40 И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат. А тој им рече:
41 „Како, пак, велат дека Христос е син Давидов?
42 Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,
43 додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои!‘
44 Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш може да му биде син?“