44 Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш може да му биде син?“
45 И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на учениците Свои:
46 „Чувајте се од книжниците што милуваат да одат во долги облеки и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и да се први на гозбите;
47 што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“