9 И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си замина на подолго време.
10 А во свое време испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од родот на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен.
11 И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го посрамија, па го испратија празен.
12 Испрати и трет, а тие и него го ранија и го избркаа.
13 Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам својот возљубен син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘
14 Но лозарите, штом го видоа, си размислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и нам да ни остане наследството!‘
15 И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето?