1 Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха;
2 а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот.
3 И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариотски, кој беше вброен меѓу Дванаесетмината.
4 И кога отиде, се договори со првосвештениците и началниците, како да им Го предаде.