11 и кажете му на домаќинот од куќата: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘
12 И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.“
13 Кога отидоа, најдоа како што им беше рекол и ја приготвија пасхата.
14 А кога дојде времето, Тој седна на трпезата и дванаесетмината со него.
15 И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа Пасха со вас, пред да пострадам;
16 зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, сѐ додека таа не се исполни во царството Божјо.“
17 И откако ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете и разделете ја меѓу себе,