15 И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа Пасха со вас, пред да пострадам;
16 зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, сѐ додека таа не се исполни во царството Божјо.“
17 И откако ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете и разделете ја меѓу себе,
18 зашто, ви велам, нема повеќе да пијам од лозовиот плод, додека не дојде царството Божјо.“
19 Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“
20 Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв, која се пролева за вас.
21 Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава.