20 Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв, која се пролева за вас.
21 Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава.
22 Синот Човечки, пак, заминува, според она што е определено, но тешко му на оној човек, што ќе Го предаде.“
23 И почнаа да се прашуваат меѓу себе, кој ли ќе е од нив што ќе го направи тоа?
24 А се појави меѓу нив и расправија, кој од нив да се смета за поголем.
25 Но Тој им рече: „Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив се викаат добротвори.
26 Вие, пак, немојте така; но поголемиот меѓу вас да биде како најмалиот и тој, што е старешина, да биде како слуга.