43 И му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше.
44 Па, бидејќи се наоѓаше во внатрешна борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата.
45 Штом стана од молитвата, дојде кај учениците Свои и ги најде заспани од тага.
46 И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете се за да не паднете во искушение!“
47 И уште додека Тој зборуваше, ете, се појави мноштво луѓе и еден од Дванаесетмината, наречен Јуда, одеше пред нив; и Му пријде на Исус да Го целива. Зашто таков знак им беше дал: „Кого ќе Го целивам, Тој е.“
48 А Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?“
49 Оние, пак, што беа со Него, кога видоа што ќе стане, Му рекоа: „Господи, да удриме ли со нож?“