45 Штом стана од молитвата, дојде кај учениците Свои и ги најде заспани од тага.
46 И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете се за да не паднете во искушение!“
47 И уште додека Тој зборуваше, ете, се појави мноштво луѓе и еден од Дванаесетмината, наречен Јуда, одеше пред нив; и Му пријде на Исус да Го целива. Зашто таков знак им беше дал: „Кого ќе Го целивам, Тој е.“
48 А Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?“
49 Оние, пак, што беа со Него, кога видоа што ќе стане, Му рекоа: „Господи, да удриме ли со нож?“
50 И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво.
51 А Исус одговори и рече: „Оставете го тоа, запрете!“ Па го допре увото негово и го исцели.