5 Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат сребреници.
6 Тој вети и бараше погодно време, да им Го предаде без присуство на народот.
7 Дојде денот Бесквасници, кога требаше да се заколе пасхалното јагне;
8 па ги испрати Исус Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни пасха, за да јадеме!“
9 А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“
10 Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек што носи стомна со вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе,
11 и кажете му на домаќинот од куќата: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘