60 Но Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И одеднаш, уште додека говореше, запеа петел.
61 Тогаш Господ се заврти и го погледна Петар, а Петар се сети на Господовите зборови што Му ги беше рекол: „Уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.“
62 И штом излезе надвор, заплака горко.
63 А луѓето, што го држеа Исус, Му се потсмеваа и Го тепаа.
64 Па, откако Го покрија, Го удираа по лицето, и го прашуваа, велејќи: „Проречи кој Те удри?“
65 И многу други хули рекоа против Него.
66 А кога се раздени, се собраа старешините народни, првосвештениците и книжниците и Го одведоа во својот Синедрион,