66 А кога се раздени, се собраа старешините народни, првосвештениците и книжниците и Го одведоа во својот Синедрион,
67 и рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!“ Но Тој им одговори: „И ако ви кажам, навистина нема да поверувате.
68 А ако ве запрашам, нема да Ми одговорите, ниту ќе Ме пуштите.
69 Отсега Синот Човечки ќе седи оддесно на силата Божја.“
70 И сите рекоа: „Ти ли си, значи, Синот Божји?“ А Тој им рече: „Вие велите дека сум Јас.“
71 А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Неговата уста.“