1 И сето мноштво се крена, па Го поведоа кај Пилат,
2 и почнаа да Го обвинуваат, говорејќи: „Го најдовме Овој како го одвраќа народот наш и забранува да се дава данок на царот, и вели дека е Тој Христос Цар.“
3 Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и му рече: „Ти велиш.“
4 Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никаква вина кај Овој Човек.“
5 Но тие и понатаму велеа дека Тој го побунува народот и поучува по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде.
6 А Пилат, штом чу за Галилеја, запраша: „Зар е Овој Човек Галилеец?“