13 Пилат ги повика првосвештениците, началниците и народот,
14 па им рече: „Ми го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина во она, за што Го обвинувате;
15 А ниту Ирод, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт;
16 па затоа ќе Го казнам и ќе Го пуштам.“
17 А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник.
18 Но сите тие заедно повикаа, говорејќи: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!“
19 Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство.